Викенд на убавини!

Скопје викендов го разубавија три настани организирани од или посветени на онлајн мк заедницата. Првиот, Swarm фестивалот се одржа оваа сабота во Ramstore Mall. Целта на настанот организиран од New Media МK, 365.cоm.mk и Ramstore Mall беше да се соберат 500 check ins во рок од 3 часа, и со тоа да се отклучи Super Duper Swarm значката. За жал не успеавме да ја отклучиме, но оние како мене кои лани останаа без Super Swarm, се израдуваа оваа година =) Повеќе од 250 форскверџии се чекираа оваа сабота, а со тоа добија можност да искористат дел од Swarm попустите и да уживаат во концертот на Пеперминт. Како си поминавме на Swarm фестивалот, веќе утре ќе можете да видите тука, во меѓувреме можете да го ѕирнете и овој албум.

#елкамк е вториот настан кој го обележи овој викенд. Сите оние кои го читале блогов  претходно, знаат колку многу ги сакам овие настани во кои луѓе само преку онлајн познанства, се здружуваат заедно кон една убава цел. Овој пат, тоа беше втората по ред елка од пластични шишиња која го доби своето место во градскиот парк. Годинава, покрај идејата да се зголеми свесноста за рециклирање, #елкамк доби и хуманитарен карактер, благодарение на Пакомак кои решија да ја откупат елката, а парите кои ќе се добијат ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Твитерџиите се организираа за помалку од еден месец, и денес во рок од 6 часа успеаа да го направат ова:

Гоооолема новогодишна елка од пластични шишиња и многу насмеани лица =)

*Фотографија на @alexhris, повеќе фотки тукатука или тука.

Третиот настан е промоцијата на #твитеркалендар. Дванаесет твитерџики ги фотографираа двајца фотографи, а како производ го добивме твитер календарот кој здружението за борба против рак на дојка, Борка, ќе го користи за своите промотивни активности. На самата промоција ќе се продаваат и фотографиите на твитерџиките, а средствата собрани од продажбата ќе бидат искористени за купување на новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства. Настанот започнува во 20ч, па доколку го читате постов веднаш по неговото објавување, се уште можете да стасате =)

И овој пост ќе го завршам слично како и оние за #ТвитерАјвар, Social Media Day и како тргнало сите останати собирања од овој тип =). Полна со еден куп позитивна енергија се надевам дека онлајн дружбите во офлајн светот кои со себе носат некоја поголема позитивна цел, не само што ќе бидат почести туку и ќе ни станат навика =)

 

Comments

  1. […] es), the Macedonian Twitter community has erected a new Christmas Tree made of plastic bottles (mk, mk, photos 1, 2) in Skopje City Park in order to raise awareness of the importance of recycling. The […]

  2. […] es), the Macedonian Twitter community has erected a new Christmas Tree made of plastic bottles (mk, mk, photos 1, 2, 3) in Skopje City Park in order to raise awareness of the importance of recycling. […]

  3. […] подигна нова новогодишна елка од пластични шишиња (mk, mk, фотогалерии 1, 2, 3) во скопскиот Градски Парк, со цел да […]

  4. […] χριστουγεννιάτικο δέντρο από πλαστικά μπουκάλια (mk, mk, φωτογραφίες 1, 2, 3) στο Αστικό Πάρκο των Σκοπίων, […]